Престојниот викенд во тенискиот клуб Евросет од Скопје ќе се одржи државното првенство во тенис за ветерани и ветеранки. Во сабота од 9 часот ќе почне најважниот турнир во сезоната за тениските ветерани (30+ години и 50+ години) и ветеранки (30+ години) во Македонија, државното првенство.
Овојпат тоа ќе се одржи на терените на тенискиот клуб Евросет на Зајчев Рид во Скопје.Пријавени се повеќе од 30 ветерани и осум ветеранки. Натпреварите ќе се играат од 5. до 7. септември.










