АК Аеродром Скопје учествуваше на детските Европски атлетски игри 2026

58

Од 27-ми до 30-ти август 2026 година се одржа 21-то издание на European Kids Athletics Games, кое претставува неофицијално атлетско првенство за деца, кои оваа година се родени од 2011-та до 2015-та година. На натпреварот учествуваа околу 2.500 деца од 26 држави.

Атлетскиот клуб Аеродром Скопје го претставуваа тројца атлетичари: Антонио Каракабаков (роден 2012-та година), Никола Терзиоски (2011г.) и Иван Савески (2012г.).

Антонио Каракабаков настапи во 4 дисциплини: 60 метри, 300 метри, скок во далечина и во штафета 4×300 mix. Најголемиот успех го направи во скок во далечина, каде во финалето со личен рекорд од 5.79 метри го освои 5-то место од вкупно 55 натпреварувачи. Во дисциплината 60 метри истрча време од 7.88 секунди и го освои 18-то место од вкупно 100 натпреварувачи. Со резултат од 40.24 секунди на 300 метри го освои вкупно 18-то место од 88 натпреварувачи во својата генерација.

Никола Терзиоски настапи на 60 метри и на 300 метри. Во пократката дисциплина истрча  8.34 секунди, а на 300 метри заврши со време од 42.29 што е негов личен рекорд.

Иван Савески исто така настапи на 60 и на 300 метри, но беше дел од штафетата 4×300 mix. Тој патеката од 60 метри ја истрча за време од 8.80 секунди, додека 300 метри истрча за време од 43.83 секунди.

Антонио и Иван беа дел од мешаната штафета 4×300 метри, а беа дел од екипата со две девојки од Атлетскиот сојуз на централна Србија. Нивиот резултат беше 2:59.14.

После успешниот настап оваа година, веќе се прави планот за настапот на овој натпревар во 2027-ма година.

ПретходноБашкими донесе уште двајца странци
СледноБорис Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година