Шампионот вечерва ја отвора новата сезона во ракометната Суперлига

114

Со натпреварот Вардар 1961 – Е. Пелистер 2, вечерва стартува новата сезона во македонската машка ракометна Суперлига.

Во елитата повторно ќе се натпреваруваат 12 екипи, кои подоцна ќе бидат поделени во плејоф и плејаут групи, со пренесување на резултатите од меѓусебните дуели.

Големата четворка Вардар, Е. Пелистер, Охрид и Алкалоид и оваа сезона ќе бидат во фокусот во трка за самиот врв. Сите четири екипи влегуваат во сезоната со засилени состави и голема желба да напредуваат.

Посебно внимание привлекува враќањето на Лино Червар во македонскиот ракомет, кој седна на клупата на битолските „зелено-бели“.

Уште во првото коло ќе има дерби, бидејќи Охрид во недела ќе го пречека Е. Пелистер во „Билјанини Извори“, додека Алкалоид на стартот ќе се сретне со својот „сестрински“ состав Мулти Есенс.

СУПЕРЛИГА 1.КОЛО

ДЕНЕСКА, 4 СЕПТЕМВРИ
18:00 ВАРДАР 1961 – Е. ПЕЛИСТЕР 2

САБОТА, 5 СЕПТЕМВРИ
12:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – МЛАДОСТ
18:30 ПРИЛЕП – КУМАНОВО
18:30 АЛКАЛОИД – МУЛТИ ЕСЕНС

НЕДЕЛА, 6 СЕПТЕМВРИ
18:30 СТРУГА – ГРК ТИКВЕШ
19:00 ГРК ОХРИД – Е. ПЕЛИСТЕР

ПретходноВАРДАР СО ТРОФЕЈ ЈА ОТВОРИ НОВАТА СЕЗОНА
СледноАнтиќ купи дрес на Јамал за 2500 евра како донација во хуманитарни цели