ВМФЛ 4 коло: Охрид сигурен против Тетекс, Кожуф ја сопре Беласица

404

Денеска покрај ПМФЛ активностите, секако дека на програмата беше и дел од второлигашката конкренција.

Во тек е четвртото коло, во кое еден од кандидатите за пласман во елитата, тимот на Охрид, немаше премногу проблеми на гостувањето кај Тетекс и го победи со 0:3.

Од друга страна пак, Кожуф на свој терен успеа да одземе бодови на уште еден фаворит, тимот на Беласица во ремито од 2:2.

Камјани продолжува да собира бодови, овојпат на домашен терен. Стрелец на единствениот гол во победата од 1:0 беше Адеми на четири минути до крајот на мечот.

Детонит пак немаше проблеми против Осогово и во Радовиш го совлада со 2:1

Екипата на Еуромилк ГЛ славеше убедливо над Шкупи со 4:0.

За утре се закажани мечевите Пелистер – Работнички и Брера – Македонија ЃП.

 

ПретходноАтлетико (М) се „распадна“ во Билбао
СледноСелекторот и капитенот едногласни: Едвај чекаме да отвориме пред полна сала