Досегашниот играч на тимот на Унион Берлин, и дете на тимот на Порто, Диого Леите ќе биде следното засилување за екипата на Лацио. Тој треба денеска да ги мине лекарските прегледи и да биде промовиран како новитет во Рим.
Се работи за 27. годишен играч кој што одигра преку 130 мечеви во последните четири години.
Тој доаѓа како замена за ветеранот Ромањоли кој што замина на Блискиот исток и потпиша за Ал Сад.










