Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски постигна гол во убедливата победа на Олимпија во словенечкиот шампионат. „Зелено-белите“ од Љубљана вечерва слава со 3:0 против екипата на Гросупље, а нашиот репрезентативец погоди за отворање наводството од 1:0 во 27-та минута.
За македонскиот фудбалер ова е уште еден значаен придонес во дресот на Олимпија, каде како тренер е нашиот Југослав Тренчовски, за кого ова е втор триумф во послендите три кола.
Олимпија со новите три бода продолжува да се искачува на табелата во словенечкиот шампионат.










