Македонскиот младински репрезентативец Васил Ташовски продолжува со одличните настапи во српската Суперлига. 19-годишниот фудбалер повторно се запиша во листата на стрелците за Младост Лучани, овој пат обезбедувајќи му победа на својот тим од 1:0.
Ташовски го постигна единствениот гол на натпреварот против Раднички Ниш.
Македонецот стрелаше во 12. минута, по асистенција на Александар Варјачиќ.
Ташовски беше во стартниот состав и одигра до 90. минута, кога беше заменет.
За младиот македонски фудбалер ова е уште еден значаен настап во дресот на Младост.










