Митровски погоди, нова победа на Олимпија на Тренчовски

49

Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски постигна гол во убедливата победа на Олимпија во словенечкиот шампионат. „Зелено-белите“ од Љубљана вечерва слава со 3:0 против екипата на Гросупље, а нашиот репрезентативец погоди за отворање наводството од 1:0 во 27-та минута.

За македонскиот фудбалер ова е уште еден значаен придонес во дресот на Олимпија, каде како тренер е нашиот Југослав Тренчовски, за кого ова е втор триумф во послендите три кола.

Олимпија со новите три бода продолжува да се искачува на табелата во словенечкиот шампионат.

ПретходноБензема сакал бесплатно да игра за Лион, но договорот со Саудиска Арабија го спречува
СледноТашовски со гол вреден три бода за Младост Лучани