Рафиња ќе ја има капитенската лента во Барселона

48
ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/

Рафиња е новиот капитен на Барселона, потврди тренерот Ханси Флик. Бразилецот ќе ја преземе капитенската лента во новата сезона.

Флик го соопшти изборот во пресрет на утрешниот натпревар со Валенсија. Рафиња зад себе има одличен период во дресот на каталонскиот гигант. Тој беше еден од клучните играчи во освојувањето на трофеите во изминатиот период. Интересно е што Ламин Јамал, иако само 19-годишен, е дел од капитенскиот редослед.

Младиот ас е поставен на петтото место зад Рафиња и останатите капитени. Јамал во последниот период се наметна како еден од најважните играчи на Барселона. Во последниот натпревар против Рајо Ваљекано, двајцата постигнаа по два гола во победата од 5:2.

Барселона утре гостува кај Валенсија во четвртото коло од Ла Лига.

ПретходноСелекторот и капитенот едногласни: Едвај чекаме да отвориме пред полна сала
СледноЛаутаро за спектакуларен пресврт и победа на Интер