РК Алкалоид денеска ја стартува новата сезона во Суперлигата

367

Откако вчера и официјално стартуваше новата сезона 2026/27 во ракометната Суперлига, со победата на РК Вардар против Пелистер 2, денеска на програмата се уште три натпревар од 1.коло.

Секако дека во преден план ќе биде настапот на РК Алкалоид, еден од големите фаворити за висок пласман во оваа сезона. Четата на стратегот Кирил Лазаров против себе ќе го има составот на Мулти Есенс. Почетокот на мечот е закажан за 18.30 часот во салата во Автокоманда.

Нема дилеми кој е фаворит на оваа прва средба за двата тима во новата сезона, сепак убаво ќе биде да се видат на дело моменталните можности на составот на Лазаров, кој како што веќе напоменавме и оваа сезона објективно ќе се бори за висок пласман заедно со Вардар, Охрид и Пелистер. Предвидувањата се дека оваа сезона ќе биде најсилна досега, имаме четири екстра силни екипи, па така мак-ракометот може само да се гордее.

Инаку денеска се играат мечевите Бутел – Младост (12 часот) и Прилеп – Куманово (18.30 часот).

Утре е големото дерби меѓу Охрид и Пелистер (19 часот), а играат и Струга – Тиквеш (18.30 ч).

ПретходноОва се најдобрите 25 кошаркари во историјата на АБА, меѓу нив и македонски репрезентативец
СледноПМФЛ: “Пиратите“ против Башкими по прва победа сезонава