ВМФЛ: Пелистер го “реши“ Работнички, Брера победнички со “Лавовите“

329
ФОТО:.facebook.com/FC.PelisterBitola/

Попладнево се одиграа последните два меча од 4.коло во ВМФЛ, интересно, силите ги одмерија четири екипи кои минатата сезона играа во елитата.

Дербито се играше во Новаци каде домашниот Пелистер со 2:0 успеа да го совлада Работнички. Стрелци на головите беа Христов во 4.минута и Мирчевски во 28.минута и тоа од пенал.

Во Струмица, домашната Брера со голот на Ристовски уште во 13.минута славаше против Македонија ЃП во меч во кој имаше голема борба. Иако поразени, сепак младиот состав на тимот од Ѓорче покажа дека има голем потенцијал. Со овие три бода Брера е лидер на табелата со 10 бода.

РЕЗУЛТАТИ – 4.КОЛО

Пелистер – Работнички 2:0

Брера – Македонија ЃП 1:0

ВЧЕРА

Камјани – Новаци 1:0

Детонит – Осогово 2:1

Кожув – Беласица 2:2

Тетекс – Охрид 0:3

Еуромилк – Шкупи 4:0

ТАБЕЛА

1.Брера 10

2.Охрид 9

3.Пелистер 8

4.Беласица 8

5.Детонит 7

ПретходноБарса ја разнесе Валенсија: Столе петпати одбрани, но и прими пет гола
СледноТомовски пoвторно одличен, но Лемго славеше кај Битигхајм