Гаштаров изнуди пенал, Ц. Звезда со пресврт го доби „вечното дерби“

189
фото: FK Partizan (X)

Црвена звезда го доби 180. вечно дерби против Партизан со 2:1. Во натпревар во кој Партизан шокираше уште во првата минута со голот на Же, на крајот домаќините брзо се вратија во натпреварот и успеаја да направат комплетен пресрт.

Бамба Диенг израмни во 17. минута, а потоа на сцена стапи македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров. Младиот фудбалер во 27. минута беше соборен во шеснаесетникот на Партизан, а по интервенција на ВАР беше досуден пенал за Звезда.

Мирко Иваниќ беше сигурен од белата точка за целосен пресврт и водство од 2:1.

Гаштаров одигра одличен натпревар и покажа зрелост во едно од најголемите дербија на балканскиот фудбал.

ПретходноДрама во „Билјанини Извори“: Е. Пелистер во последните секунди извади бод во Охрид
СледноБугарски репрезентативец колабираше на меч во Серија Б