Божовиќ дебитира, Вардар едноставно мора против Арсими

190

Денеска со почеток од 19:00 часот на комплексот Петар Милошевски во Скопје, актуелниот бранител на титулата во домашниот ПМФЛ шампионат, екипата на Вардар ќе го пречека тимот на Арсими во рамките од шестото коло од овогодинешниот шампионат.

Вардар денеска ќе стартува една нова етапа. Со нов тренер, во името на Миодраг Гроф Божовиќ кој што пристигна изминатата недела и веќе одработи неколку тренинзи со екипата.

Иако сеуште не е официјално промовиран (!?), сепак Божовиќ денеска ќе се обиде да стартува со победа во новиот клуб, за што всушност и е доведен.

Вардар не само што нема повеќе право на кикс сезонава, (иако се само шесто коло), туку ќе треба да влезе во победничка серија, автоматски чекајќи грепка на ривалите. На тоа исто игралиште, во ова коло Тиквеш го шокираше лидерот Шкендија, кој што повеќе не е перфектен, па услугата во име на Вардар е направена. Е сега, доколку и овојпат „црвено – црните“ не бидат на потребното ниво и загубат како против Струга ТЛ односно Шкендија, тогаш тренрското име очигледно дека ќе биде најмал проблем во моментов.

Од друга страна во 16:00 часот токму во Струга, домашниот Трим Лум се среќава со Силекс.

ПретходноСо лесно: Македонија отпатува за Софија на Европското првенство (ФОТО)
СледноБилиќ го објави списокот: Модриќ продолжува со Хрватска