Гаштаров по Иваниќ е најдобро оценет играч на Црвена Звезда во дербито со Партизан

153

Македонскиот интернационалец и репрезенаттивец Матеј Гаштаров вчера го одигра своето прво големо дерби како член на Цервена Звезда, во дуелот со Партизан.

Извојувана е победа од 2:1, во која што нашиот сега веќе А репрезенаттивец, имаше огромен удел со изнудениот пенал во финишот на првото полувреме.

Тренерот Риера има огромна доверба во нашиот играч, кој што во меѓувреме доби и пасош на Србија, па е „џокер“ играч што се вели до 21. година.

По мечот нормално детална анализа на одиграното од страна на сите актери на терен, а нашиот Гаштаров има оценка 8.1, што е фантастично и само процент помала од онаа на Мирко Иваниќ најдобро оценетиот играч на овој меч со 8.2.

ПретходноБледиот Јуве во последните минути се извлече од пораз со Милан
СледноМиовски одлучи, повеќе нема менаџерски тим