Мухједин Дардишта, играчот на Арсими во пресрет на денешниот дуел од шестото коло од ПМФЛ шампионатот, против тимот на Вардар во Скопје на комплексот Петар Милошевски во 19:00 часот смета дека истиот не само што е мотив за него и неговите соиграчи туку и шанса за успех против реално фаворитот во оваа конкуренција.
“Го почитуваме шампионот Вардар, но одиме да играме фудбал и да се бориме до крај. Ќе го дадеме максимумот во секоја минута. Создадовме многу шанси и покажавме квалитет. Тоа ни дава верба дека можеме да се спротивставиме и на најсилните”, додаде тој. Ветувам дека ќе се бориме до крај. Ќе дадеме се од првата минута до последниот свиреж. Се надевам дека на крај ќе вратиме од Скопје со позитивен резултат„ – изјави Дарлишта.















