Тројца фудбалери од првиот состав на Бешкими заедно со претставникот на клубот се внесени во записникот од првенствениот дуел од Првата лига кој се играше на теренот на ФФМ во саботата.
Башкими си 2:1 направи изненадување и го победи Скопје а беше во улогата на гостин но со оглед на црвените картони се поставува и прашањето: Дали на натпреварот Скопје – Башкими (1:2), имало и трето полувреме!?
Според официјалните документи на ФФМ а објавени на веб-страницата на федерацијата назначено е дека по истекот на натпреварот главниот судија Фуркан Идризи им дал црвени картони на фудбалерите: Бесјан Алију (голман), Биљаљ Исени и Габриел Јапи Танлеп. Истото важи и за претставникот на клубот со што против сите нив е покрената дициплинска постапка и по автоматизам немаат прави на настап на наредниот меч – дуелот со Вардар во Куманово.
Интересно е тоа дека опомени, црвени карони и исклучувања нема за никој од Скопје. Логиката кажува дека или споменатите и опоменатите со црвени картони направиле напад на противнички играчи или службени лица на натпреварот а можеби имале и меѓусебен контак. Од друга страна пак црвени картони и постапки за фудбалери и претставници на екипа која победи, екипа која стигна до првите бодови и до големо изненадување!? Што се случи за да има вакви санкции и реакции!?
На потег е дисциплинската комисија на ФФМ која во текот на неделава треба да ги „реши“ оние кои се огрешиле според правилникот за натпревари.















