Ласана Диако: Дуелот против директен ривал секогаш мотивира

46

Денеска завршува шестото коло од тековниот ПМФЛ шампионат, а во него, тимот на Струга ТЛ на домашен терен ќе го пречека Силекс. Меч во кој ќе се сретнат две екипи со речиси идентични амбиции, а тоа е највисок пласман и пласман во Европа.

Стружани посакуваат полн плен на свој терен, а овој дуел кој што започнува од 16:00 часот го најавува Ласана Диако.

„Целиот тим е високо мотивиран за овој натпревар. Знаеме дека играме против директен ривал, па затоа сме целосно свесни за важноста на мечот. Ќе го дадеме максимумот за да ги освоиме трите бода на домашен терен“, изјави Ласана Диако па додава.

„Секој натпревар е различен. Ќе се обидеме да ја задржиме оваа добра низа на домашен терен, но знаеме дека мора да останеме фокусирани од првата минута до последниот судиски свиреж. На нас зависи дали ќе ја продолжиме оваа добра серија дома. Треба да останеме фокусирани од почеток до крај и да го дадеме максимумот на теренот. Се надеваме дека ќе ги освоиме трите бода. Мислам дека нашата предност е играњето на домашен терен. Овде имаме добри резултати и ги знаеме нашите силни страни. Ќе се обидеме да ја искористиме поддршката од навивачите и да дадеме сè од себе за да победиме на натпреварот“ – изјави офанзивецот на Струга ТЛ.

 

 

 

ПретходноКомити со акција низ Скопје пред денешниот бунт и најавен бојкот
СледноДури 4 црвени картони за Башкими по дуелот со Скопје!