Комити со акција низ Скопје пред денешниот бунт и најавен бојкот

140

Во пресрет на денешниот дуел од шестото коло од ПМФЛ шампионатот, помеѓу екипите на Вардар и Арсими кој што се игра на комплексот Петар Милошевски во Скопје од 19:00 часот, навивачката група Комити организираше „герила“ акција во која што јасно и гласно го искажа својот став околу водењето на ФК Вардар од страна на извршниот директор Миленко Неделковски и борбата за негова смена.

Како што е добро познато, Комити одлучија ова да е последен меч на кој што ќе присуствуваат, а потоа стапуваат во целосен бојкот на активностите на ФК Вардар се до конечно заминување на Неделковски.

Па така, герила акцијата се одвиваше буквално низ цело Скопје, во која што Комити со банери потенцираа дека смена на Неделковски мора да има.

Тие најавија денеска масовен собир пред мечот, присуство на него, бодрење на тимот, а потоа, целосен „блок“ на се што ќе се случува, и тотално игнорирање на активностите покренати од Миленко Неделковски.

Само за информација со промената на сосптвеничката структура пред извесно време, Комити преку своето здружение се сопственици на 15% од акциите на ФК Вардар. Упростено, имаат полно право да имаат сопствен став околу водењето на клубот, и евентуалните промени.

 

ПретходноЧетворица дебитанти на списокот на Миленкоски за ЕвроВолеј 2026
СледноЛасана Диако: Дуелот против директен ривал секогаш мотивира