“Наш е Вардар, наш и ќе остане: Обединети против злото кое мора да замине ВЕДНАШ!“(ФОТО)

249
ФОТО:.facebook.com/KomitiZapad87

По се она што се случуваше вечерва на ФФМ, на мечот Вардар – Арсими, кога Комити ги остварија најавите и жестоко протестираа против Миленко Неделковски, уште еднаш, со соопштение се огласија најверните фанови на клубот.

Соопштението ви го пренесуаваме во целост:

Полн стадион против Управата на чело со Миленко Неделковски. Комити и Вардарци обединети против злото кое мора да замине ВЕДНАШ!

Голема благодарност до сите кои ја застанаа зад одлуката на групата и вечерва испратија јасна порака: УПРАВА ОДИ СИ!

Од овој момент започнува бојкотот и нашиот целосен фокус се насочува кон РК Вардар и ги повикуваме сите да го направат истото!

Само сплотени може да го истераме ова зло, само обединети ЗА КЛУБОТ НА НАРОДОТ!

НАШ Е ВАРДАР – НАШ ЌЕ ОСТАНЕ!

ПретходноРафиња исто како и Меси!
СледноЛацио славеше и во Удине за “три од три“