Четворица дебитанти на списокот на Миленкоски за ЕвроВолеј 2026

73

Четворица дебитанти ќе го освежат добро познатиот список на репрезентативци на селекторот Јошко Миленкоски за престојното Европско првенство 2026.

Техничарот Давид Стојанов, коректорот Кристијан Илијев, средниот блокер Михајло Мирасчиев, како и либерото Филип Јованов се играчите кои за првпат ќе настапат на еден континентален собир во националниот дрес.

Имињата на останатите десетмина во составот се добро познати и во минатото исто така го носеа товарот на големите натпреварувања.

Македонската делегација утринава со автобус патува за Софија, каде од 9 до 16 септември ќе се соочи со домаќинот Бугарија, актуелниот европски правак Полска, Украина, Португалија и Израел во рамките од групата Б.

ПретходноСрпските медиуми за Гаштаров: Продукт на Риера, Звезда добива модерен играч
СледноКомити со акција низ Скопје пред денешниот бунт и најавен бојкот