Навивачката група Комити го одржа ветенот од претходните денови. На вечерашниов дуел против Арсими, отворено навиваат против актуелното раководство на ФК Вардар на чело со извршниот директор Миленко Неделковски.
Познатото „Оди си Миленко“ од пред извесно време, сега повторно е актуелно, овојпат со ветување на Комити дека се додека Неделковски е на чело на клубот тие нема да го бодрат актуелниот шампион на Македонија.
Мора да се напомене дека за разлика од изминатите неколку меча овојпат Комити се во поприлично голема бројка….















