По се она што се случуваше вечерва на ФФМ, на мечот Вардар – Арсими, кога Комити ги остварија најавите и жестоко протестираа против Миленко Неделковски, уште еднаш, со соопштение се огласија најверните фанови на клубот.
Соопштението ви го пренесуаваме во целост:
“Полн стадион против Управата на чело со Миленко Неделковски. Комити и Вардарци обединети против злото кое мора да замине ВЕДНАШ!
Голема благодарност до сите кои ја застанаа зад одлуката на групата и вечерва испратија јасна порака: УПРАВА ОДИ СИ!
Од овој момент започнува бојкотот и нашиот целосен фокус се насочува кон РК Вардар и ги повикуваме сите да го направат истото!
Само сплотени може да го истераме ова зло, само обединети ЗА КЛУБОТ НА НАРОДОТ!
НАШ Е ВАРДАР – НАШ ЌЕ ОСТАНЕ!















