Српските медиуми за Гаштаров: Продукт на Риера, Звезда добива модерен играч

416

Срспките медиуми се преполни со вести, анализи, изјави и импресии за вчера одиграното 180 вечно дерби помеѓу екипите на Црвена Звезда и Партизан.

Звезда на својот „Рајко Митиќ“ обезбеди триумф од 2:1, во кој што огромен удел како стартер имаше нашиот досега младински, а одсега А репрезентативец, Матеј Гаштаров.

Тој ја доби довербата од тренерот Алберт Риера, и истата и тоа како ја искористи. Она што е многу важно е што се гледа дека Гаштаров иако многу млад со 19. години веќе може да се носи на така високо ниво, за што очигледна е поддршката и од соиграчите и од стручниот штаб, а очигледно и од медиумите.

По Мирко Иваниќ, Гаштаров е најдобро оценет играч на Црвена Звезда. Од друга страна пак, во анализите по мечот, за Гаштаров се вели следново.

Дека е новиот продукт на Црвена Звезда, кој што ќе биде перјаница на играта на новиот тренер Алберт Риера, и дека во него тимот од „Рајко Митиќ“ добива модерен играч.

Уште во текот на летото, Гаштаров и за СпортСпорт изјави дека во прилагодувањето на првиот тим многу му помага искусниот Раде Круниќ со кого веднаш се гледа дека е одличен тандем во средината на теренот. Тоа се потврди и вчера. И што е најважно, неговиот труд се чувствува на терен, работи како „мравка“ и иако не паѓа во оди веднаш како Василије Костов или Андрија Максимовиќ, неговиот имапкт во тимот е огромен.

ПретходноМиовски одлучи, повеќе нема менаџерски тим
СледноЧетворица дебитанти на списокот на Миленкоски за ЕвроВолеј 2026