ЛШ: Мурињо против “својот“ Интер

110
ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/

Вечерва и официјално стартува Лигата на Шампионите, поточно лигашката фаза од најелитното клупско фудбалско натпреварување во светот. На програмата се шест меча од првото коло, останатите се играат во среда и четврток, и веднаш супер – дерби. Вечерва од 21 часот на прекрасниот “Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, играат Реал Мадрид и Интер. Секако дека во преден план ќе биде “специјалниот“ – Жозе Мурињо кој ќе бара победа против својот некогашен омилен клуб со кој во 2010 година дојде до историски успех. Пехар во ЛШ и освоена “триплета“ во таа златна генерација на “неро – аѕурите“ во која важен дел беше и нашиот Горан Пандев.

Одтогаш минаа 16 години, ама како вчера да беше. Сепак сега се некои други времиња. На Жозе му треба победа, посебно ако се знае што се случуваше на гости кај Бетис. Сепак Интер е нАјдобриот италијански клуб, кој знае како во Европа, па беше финалист во ЛШ во 2023 и 2025 година. И да не заборавиме предводен од Кристијан Киву, ученикот на Жозе и исто така дел од таа историска генерација од пред 16 години.

Во секој случај тоа ќе биде голем спектакл. Интерес побудува и дуелот меѓу Порто и Манчестер Сити, а да потсетиме дека останатите големи фаворити од ова прво коло ќе играат утре и задутре.

Тронот го брани ПСЖ, клуб кој сака хет – трик. Дали ќе се оствари тој сон на “светците“ од Париз? Тоа допрва ќе видиме.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

18:45 Ч

АЕК – Ласк

Клуб Бриж – Астон Вила

21:00 Ч

Дортмунд – Виљареал

Лил – Бетис

Порто – Манчестер Сити

Реал Мадрид – Интер

ПретходноРекуперација на необичен начин: Лесно им е на стружани кога имаат езеро!(ФОТО)
СледноОва се рекордите на Германецот: Флик ги престигна Гвардиола и Луис Енрике