ФОТО НА ДЕНОТ: Во Вардар „мириса“ на Шкупи – само Миленко е новиот Олгун

916

Скоро беше… пред некоја година кога Шкупи газеше во домашниот фудбал, кога стана и првак, кога играше во Европа и кога потоа се се растури и клубот сега е пред ново згаснување.

Некои работи како да се повторуваат со некои луѓе од домашниот фудбал. Не би сакале да помислиме дека е возможно и дека на Вардар може да му се случи истото иако ги гледаме истите слики и истите случувања. Гоце Седлоски беше шампион со Шкупи, а Матија Мирков негов помошник. Мирков брзо стана десна рака на турскиот спонзор Ајдин Олгун, па беше и директор па и тренер привремен.

Па следеше колапс на клубот. Еве сега истото и во Вардар. Дојде Седлоски, стана првак – си замина за селектор, но го остави Мирков кој како асистент на Кристијан Фабијани чекаше негова „метла“ за да дојдат неговите 5 минути и да се проба како тренер, а еве сега и како десна рака на Миленко Неделковски.

Некако се е исто и досадно и веќе видено со тоа што различен е Миленко, кој е сега во улогата на Олгун. Но и тоа што во тоа време на Шкупи, Седлоски не стана селектор но сега е на таа позиција.

Фотографијата е од вчера пред дуелот Вардар – Арсими 2:0, каде навивачите на Вардар го кренаа гласот за да не им се случи токму она што го доживеа Шкупи.

А пораката од Седлоски на оваа средва со Неделковски сигурно гласи: „Мики чувај ми го Маки…“.

ПретходноНов проблем за Интер и Милан!
СледноСе „распаѓа“ светот на Инфантино: Белгија нема да гласа за нов мандат на првиот човек на ФИФА