Се повеќе е јасно дека на следните ФИФА избори за нов претседател на светската фудбалска организација, актуелниот претседател Џани Инфантино нема да ја добие потребната поддршка за нов мандат.
Односно, фудбалскиот свет, е свртен сериозно против Инфантино по серијата скандали поврзани со Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
Па така, на многуте фудбалски сојузи кои што отворено ставија до знаење дека нема да го поддржат Инфантино во новиот мандат е и фудбалскиот сојуз на Белгија.
Белгијците и официјално го објавија тоа, уште еднаш шокирајќи се со примерот на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун, чија што суспензија за црвен картон, беше неверојатно поништена пред осминафиналниот дуел на САД токму против Белгија.
Овој скандалозен момент ќе остане запаметен во историјата на светскиот фудбал, а за што очигледно дека ќе има далекусежни последици.










