Мектоминеј имаше операција на срце, но се враќа на терен за две недели

29
ФОТО: Gran Galà del Calcio AIC/X

Искусниот Скот Мектоминеј, во моментов секако играч на Наполи, беше подложен на рутинска операција на срцето.

Оваа информација ја потврди самиот клуб, кој што наведе дека интернационалецот од Шкотска, се чувствува добро, и дека ќе се врати на тренинзи за две недели.

Пред извесно време на Мектоминеј му беше дијагностицирана бенигна аритмија на срцето, но за истата да ја снема мораше да има мини оперативен зафат.

Истиот се одиваше во болницата Спајр во близина на Манчестер.

Мектоминеј во Наполи го доживува зенитот на својата кариера и е еден од најдобрите странци во Серија А во моментов.

 

ПретходноСе „распаѓа“ светот на Инфантино: Белгија нема да гласа за нов мандат на првиот човек на ФИФА
СледноУбиство поради одмазда во германскиот фудбал