Кирил Лазаров е еден од најдобрите и најопасни шутери во историјата на ракометот. Македонската легенда остана запаметена по својот разорен удар од дистанца и неверојатната голгетерска ефикасност. Лазаров е втор најдобар стрелец во историјата на Светските првенства во машка конкуренција во организација на ИХФ, што уште еднаш ја потврдува неговата големина и долговечност на најголемата ракометна сцена. На тоа не потсети и ИХФ со ова видео!










