Екипата на Брегалница Штип по поразот на домашен терен од тимот на Шкендија Арачиново на свој терен од 0:1, во рамките на последното ПМФЛ коло остана без тренер. Никола Кузманов доби отказ, а еве веќе три четири дена како минаа од тој меч, а во Штип сеуште нема нов стратег.
Се шпекулира со името на Александар Таневски, селекторот на Македонија У20, но промоција сеуште нема.
Од друга страна пак, Брегалница утре го игра прелиминарниот дуел од Купот на Македонија оваа сезона, против Тетекс од 16:00 часот.
Кој ќе ја води екипата, и дали можеби во текот на утрешниот ден ќе се случи промоција на нов тренер останува да видиме.















