ЛШ: Реал со грешките на Интер до победа, Халанд со два гола за три бода за Сити

115

Реал Мадрид со победа ја започна новата сезона во Лигата на шампионите. На „Сантијаго Бернабеу“ славеше против Интер со 2:1, во меч во кој домаќинот имаше голема предност, но во финишот мораше да се брани.

Килијан Мбапе го отвори резултатот во 14. минута, искористувајќи голема грешка во одбраната на Интер. Девет минути подоцна, Феде Валверде зголеми на 2:0, повторно по подарок на италијанскиот тим. Интер во второто полувреме заигра поофанзивно и успеа да се врати во натпреварот со голот на Карлос Аугусто, но Реал го издржа притисокот и ги освои трите бода. За Жозе Мурињо, ова беше посебна вечер – неговиот прв натпревар во Лигата на шампионите по враќањето на клупата на Реал Мадрид по повеќе од 13 години.

Со двата гола на Ерлинг Халанд, Манчестер Сити славеше со 2:0 на гостувањето кај Порто. Халанд погоди во 47. минута за водство, а истиот фудбалер во завршницата погоди и за 2:0.

Реал Бетис со победа ја започна европската сезона, откако на гостувањето кај Лил славеше со 3:2, иако францускиот тим имаше предност од 2:1 на полувремето. Лил поведе во 12. минута преку Уеда. Бетис израмни во 33. минута со голот на Марк Бартра, но Лил повторно поведе во 36. минута преку Александро Рибеиро. Во второто полувреме следеше целосен пресврт. Бартра со својот втор гол во 49. минута израмни на 2:2, а Трој Парот во 53. минута го постигна победничкиот гол за Бетис.

Борусија Дортмунд со победа ја започна новата сезона во Лигата на шампионите, откако на „Сигнал Идуна Парк“ го совлада Виљареал со 3:2. По првото полувреме без голови, Дортмунд поведе во 53. минута со автоголот на Ренато Веига. Шпанците возвратија во 66. минута, кога Санти Морињо со глава го совлада Кобел за 1:1.Во финишот следеше блесок на Серху Гираси. Напаѓачот во 80. минута погоди за 2:1, а пет минути подоцна од пенал ги постави конечните 3:1. Во финишот Гираси постигна и автогол за конечни 3:2.

ПретходноЏими Батлер ќе се врати на терените околу Нова година