Победникот на Лигата на шампионите може да заработи 850.000 евра

73
фото: EHF Champions League @ehfcl (X)

Победникот на машката ракометна Лига на шампионите во сезоната 2026/27 може да заработи максимални 850.000 евра, откако Европската ракометна федерација го зголеми наградниот фонд.

Клубовите за секој натпревар во групната фаза добиваат по 10.000 евра, а дополнителни 5.000 евра за секој освоен бод. Со пласманот во следната фаза, наградите по натпревар остануваат исти, но бодот сега носи 6.250 евра.

Во четвртфиналето победата ќе носи 15.000 евра, а нерешениот резултат 7.500 евра. Најголемото зголемување е на завршниот турнир, каде шампионот ќе добие дури 500.000 евра.

Минатата сезона Барселона, која ја освои титулата, инкасираше вкупно 638.000 евра, додека максималната можна заработка тогаш изнесуваше 648.000 евра.

За споредба, во Европската лига, второто по ранг клупско натпреварување на ЕХФ, максималната награда за освојувачот е 160.000 евра.

ПретходноЛШ: Реал со грешките на Интер до победа, Халанд со два гола за три бода за Сити
СледноМладата ѕвезда на Борусија (Д) пренесен во болница поради проблеми со циркулацијата