Вечерва по повод 35 години независност на Македонија, на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, спектакуларен концерт ќе одржи славниот Давид Гета. Се очекува многу народ, негови фанови, како и фанови на добрата музика. Ова ќе биде спектакуларна „журка“ на нашиот најголем спортски објект.
И да не ни се повтори битолското сценарио, организаторот презема посебни мерки, поточно покривање на теренот како што се гледа од фотографиите. Целта е јасна, теренот мора да остане во добра состојба ако се знае дека веќе на 26 септември играме дома со Швајцарија во првиот меч од Лигата на Нации.
Никој не сака и во Скопје да се случи она што се случи со теренот на стадионот во Битола, кога за време на концертот на Здравко Чолиќ беше уништен теренот и еве по месец дена сеуште нема назнака дека е поправен па Пелистер мора да игра како домаќин на други терени, како во Кавадарци и Новаци.











