Тажна вест: ЖФК Кочани се прости од својата Теодора!

223

ЖФК Кочани на своите социјални мрежи сподели тажна вест, во која се вели дека починала нивната поранешна фудбалерка Теодора Димитровска:

Со длабока тага и неверување ја примивме веста за нашата поранешна членка, Теодора Димитровска.

Теодора беше дел од семејството на ЖФК Кочани и, иако веќе неколку години не беше активен член на нашиот клуб, засекогаш ќе остане дел од нашата заедничка историја и убавите спомени.
Во овие тешки моменти, упатуваме најдлабоко сочувство до семејството, најблиските и сите оние кои ја сакаа Теодора.

Почивај во мир, Теодора.
Засекогаш ќе бидеш дел од нашето семејство“

ПретходноМozzartsport.com: “Да зборуваме за Македонците, извор од кој Ц. Звезда се напојува!“
СледноСе покрива теренот на Арената за да се спаси за дуелот со Швајцарија! (ФОТО)