Шкендија Арачиново амбициозно порачува: Одиме на пласман во Европа

84

Екипата на Шкендија Арачиново добро го започна овогодинешниот за неа премиерен настап во ПМФЛ шампионатот.

Екипата од околината на Скопје доби уште поголема мотивација и елан по победата на гости во Штип, против Брегалница, по што претседателот на клубот, Сулејман Алими даде доста амбициозна изјава за јавноста. Дека клубот сезонава отворено најавува атак на место кое води во фудбалска Европа.

„Почитувани навивачи, членови на клубот и љубители на фудбалот,
По завршувањето на првите шест кола од првенството, би сакал да ве информирам за напредокот на нашиот тим и за нашата цврста посветеност во продолжението на сезоната. Како што првенствената трка добива на интензитет, ние остануваме целосно фокусирани на нашите примарни цели.
Нашата цел во првенството останува јасна и непроменета: пласман во Европа. Секој натпревар одигран досега ни служи како лекција и патоказ, помагајќи ни да ја подобриме играта и да ги освоиме бодовите неопходни за влез во зоната што води кон европските натпреварувања.
Во меѓувреме, утре започнува нашиот настап во Куп-натпреварувањата. Ова е уште еден клучен предизвик на кој ќе му пристапиме со максимална сериозност. Нашата цел во Купот е цврста: со сите сили ќе се бориме за пласман во финалето и за освојување на трофејот.
Натпреварувањето на два фронта бара дисциплина, карактер и огромна поддршка. Затоа, ве повикувам сите да бидете со нас – утре и на секој нареден натпревар – бидејќи вашето присуство и вашата поддршка од трибините се најголемиот двигател на нашите победи“ – се вели во обраќањето на Алими.

ПретходноЈошко ја прави стратегијата за Бугарија (ФОТО)
СледноНатпреварот Брера – Работнички од 5. коло на ВМФЛ е одложен