Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го одработи официјалниот тренинг во „Арена 8888“ во Софија, каде утре ја очекува големиот старт на Европското првенство.
Избраниците на македонскиот селектор го имаа и вториот тренинг во бугарската престолнина, во пресрет на првиот натпревар.
Противник на Македонија во премиерниот меч ќе биде домаќинот Бугарија. Натпреварот е закажан за утре од 18 часот, а македонските одбојкари со максимална мотивација го очекуваат стартот на континенталниот шампионат.










