Утре Брегалница игра Куп против Тетекс, а се уште нема тренер

111
ФОТО:.facebook.com/fkbregalnicaofficial

Екипата на Брегалница Штип по поразот на домашен терен од тимот на Шкендија Арачиново на свој терен од 0:1, во рамките на последното ПМФЛ коло остана без тренер. Никола Кузманов доби отказ, а еве веќе три четири дена како минаа од тој меч, а во Штип сеуште нема нов стратег.

Се шпекулира со името на Александар Таневски, селекторот на Македонија У20, но промоција сеуште нема.

Од друга страна пак, Брегалница утре го игра прелиминарниот дуел од Купот на Македонија оваа сезона, против Тетекс од 16:00 часот.

Кој ќе ја води екипата, и дали можеби во текот на утрешниот ден ќе се случи промоција на нов тренер останува да видиме.

 

ПретходноИХФ: Кирил Лазаров – Еден од најдобрите стрелци во историјата (ВИДЕО)
СледноПочна Лигата на шампионите: Астон Вила „лапна“ три бода во Бриж, АЕК со минималец до победа (ВИДЕО)