Александар Таневски е нов селектор на Македонија до 21 година

173

Со одлука на денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската Федерација на Македонија, Александар Таневски е поставен за нов селектор на репрезентацијата на Македонија до 21. година.
Тој доаѓа по заминувањето на Горан Станиќ на кого очигледно му е врачен отказ, со оглед на фактот што квалификациите на оваа генерација се сеуште актуелни, и има да се доиграат есенва уште неколку меча.

Сепак, ФФМ смета очигледно дека Таневски во овој момент треба да ја преземе генерацијата и да има можност да работи со неа во следниот период.

Александар Таневски во тренерската кариера има водено вкупно 196 официјални натпревари како шеф на стручен штаб во Првата и Втората македонска фудбалска лига. Тренерската кариера ја започна во ФК Скопје, обезбедувајќи промоција во највисок ранг, а истиот успех го повтори со ФК Македонија ЃП, тим со кој играше финале на Купот на Македонија и обезбеди место во Европските купови. Работеше во Академија Пандев, а последниот клупски ангажман го имаше во ФК Беса.

ПретходноГазета Дело Спорт: НБА доаѓа во Европа за да ја купи Евролигата
СледноУО на ФФМ: Јакимовски на местото на Божиновски на местото претседател на Судискиот одбор