Ракометната Федерација на Македонија свечено објави денеска дека на 14 клубови од машката и седум клубови од женската прва лига им се доделува спортска опрема за претстојната сезона во домашниот шампионат.
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, г-дин Александар Стефанов, на претставниците на клубовите им врачи комплети дресови, шорцеви и тренерки, како и ракометни топки.
Со оваа поддршка, Ракометната федерација на Македонија продолжува да инвестира во развојот на клубскиот ракомет и создавањето подобри услови за работа и натпреварување











