Миленкоски: Против Бугарија одигравме добар натпревар!

130
ФОТО:.facebook.com/volleyballmkd

Селекторот на нашата најдобра одбојкарска репрезентација, Јошко Миленкоски, имаше свој коментар и видување за вчерашниот дуел со Бугарија, прв на ова ЕП.

И покрај поразот од силната Бугарија, Миленкоски смета дека Македонија одигра сосема добро, дека е даде добар отпор, но и квалитетот напротивникот си го сторил своето:

Мислам дека од наша страна натпреварот беше добар, затоа што впечатоците на сите овде на одбојкарската јавност, посебно на сите познавачи на одбојката и сите други репрезентации се дека тоа беше еден добар натпревар.И дека ние пруживме добар отпор на репрезентацијата на Бугарија, особено во одредени фази на играта до самата завршница на мечот. А имавме добар резултат. Меѓутоа знаете дека тука две од најголемите светски ѕвезди можеби на елементот сервис се во репрезентацијата на Бугарија. Така да имаше ситуации кога бевме немоќни, особено против браќата Николови кои сервираа со 120 и 130 км на час, и многи тешко е да се игра против тој елемент.

Сепак овој меч треба да се архивира и да се свртиме кон наредниот, кон дуелот со Украина“ истакна селекторот, а во продолжение се осврна на тоа уште ја чека Македонија, на дуелот со Украина…

Украина според мене е една од најдобрите европски селекции, добро ја анализиравме. Има таму многу ѕвезди, една од нив е Плотницки, а и тој на сервис е еден од најдобрите во светот. Анализите ќе покажат како ние ќе се претставиме. Последните подготовки се направени и треба исто така да ја играме нашата игра. Рековме дека и овој меч е еден од оние кои треба да ни послужи за подобра подготовка за последните два меча. Рецептот треба да ист како и против Бугарија, да не се оптоваруваме со името на нашиот противник. Мислам дека тоа ќе ни овозможи да одиграме еден добар натпревар, кој го очекуваме сите“, заврши Миленкоски.

ПретходноГест за паметење: Никој досега не го понижил Вучиќ така како одбојкарките на Србија!(ВИДЕО)
СледноФК Вардар ја платил казната од 250.000 евра!(ФОТО)