Од утре па се до понеделник се играат сите натпревари од 7.коло во ПМФЛ. Ако минатиот викенд немаше прволигашки фудбал во недела, сега сепак ќе има и тоа еден меч, оној меѓу Силекс и Брегалница.
Дербито на колото се игра утре (петк) во Кавадарци од 16 часот, а се среќаваат третиот Тиквеш и втората Струга ТЛ. Во истиот термин се игра и дуелот Арсими – Шкендија.
Вардар в сабота ќе му гостува на Башкими, а во понеделник на Чаир ќе има скопска пресметка, се среќаваат Шкендија (А) и Скопје.
ДВОЈКИ И САТНИЦА ЗА 7.КОЛО ВО ПМФЛ
ПЕТОК – 16.00 Ч
Кавадарци: Тиквеш – Струга ТЛ
Гостовар: Арсими – Шкендија
САБОТА – 16.00 Ч
Куманово: Башкими – Вардар
НЕДЕЛА – 15.45 Ч
Кратово: Силекс – Брегалница
ПОНЕДЕЛНИК – 16.00 Ч
Скопје (Чаир): Шкендија (А) – Скопје















