Де ла Фуенте: Трамп ми рече дека ја заслужувам “Златната топка“, ама не го разбрав целосно

56
ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/

Селекторот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, откри неколку интересни детали за неговата средба со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, веднаш откако Шпанија го освои Светското првенство против Аргентина. Во својот типичен стил, тренерот со насмевка ја сподели смешната размена за време на церемонијата на доделување награди. За време на неговото гостување во емисијата „Ел Хормигеро“ на „Антена 3“, Де ла Фуенте раскажа точно што му рекол американскиот претседател додека му го врачувал трофејот.

„Ми рече дека ја заслужувам Златната топка. Додаде уште нешто, но јас сè уште учам англиски. За секој случај, одговорив: „Ви благодарам многу“, селекторот низ смеа.

Се осврна на темата за наводната интервенција на шефот на државата во ФИФА за поништување на црвениот картон на американскиот играч Балогун. Де ла Фуенте беше непоколеблив во својот став дека спортот мора да остане независен од надворешни влијанија.
„Фудбалот мора да донесува свои одлуки, без оглед на тоа што велат надворешните фактори. ФИФА не смее да дозволи да биде под влијание на никого“, рече Де ла Фуенте.

ПретходноХалкбанк обезбеди 20 компјутери за гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје
СледноМатлиески: „Мулти Есенс е вистинското место за развој на младите“