Рафиња најдобар во Ла Лига за месец август

36
ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/

Напаѓачот на Барселона, Рафиња, е избран за најдобар фудбалер во Ла Лига за месец август, откако имаше импресивен старт на новата сезона. Бразилецот постигна пет гола на првите три натпревари во шпанското првенство.

Рафиња постигна два гола во премиерата против Елче, на која запиша и асистенција, потоа беше стрелец против Атлетик Билбао, а настапот во август го заокружи со два гола во победата од 5:2 против Рајо Ваљекано. Со тоа тој беше најзаслужен за одличниот старт на Барселона.

Бразилецот признанието го освои во конкуренција на Пјер-Емерик Обамејанг, Џуд Белингем, Алекс Баена и Науел Теналија.

ПретходноЕвроволеј 26: Бугарија со максимална победа и против Португалците
СледноАко има петарди и експлозивни средства натпреварите веднаш ќе се прекинуваат!