Чупиќ: Вардар имаше свои шанси, ама Мелсунген заслужено победи

209

РК Вардар вчера по пет години пауза се врати таму каде што му е местото, во елитната ракометна лига, во Лигата на Шампионите. Сепак некогашниот двоен европски првак од 2017 и 2019 не успеа да дојде до добар резултат на гостувањето кај германскиот Мелсунген. Македонскиот шампион беше поразен со 33:31, иако во текот на целиот меч одигра сосема добро ако се знае дека беше ослабен со неиграњето на неколкумина клучни ракометари.

По средбата стратегот Иван Чупиќ имаше свој коментар за тоа што се случуваше на гостувањето во Германија:
„Мислам дека тоа беше добар натпревар на двете екипи. Имавме неколку моменти, свои шанси, во кои можевме да израмниме, па и да поведеме. Атмосферата беше одлична и таа придонесе домашниот тим заслужено да победи“.

ПретходноТрумчи: Шкендија сака да се врати на победничките патеки!
СледноЕвроволеј 26: Украина е ранлива, Македонија бара шанса за изненадување