По петте победи во првите пет кола од новата сезона во ПМФЛ, Шкендија беше поразена од Тиквеш со 1:3. Секако дека тој пораз ги шокираше тетовци кои важат за голем фаворит за титулата сезонава, и затоа денеска на гостувањето кај Арсими во Гостивар (16 часот), сакаат да се вратат на победничките патеки.
“Арсими е сериозен тим и мислам дека секој тим ќе ни предизвика проблеми ако не сме сериозни и ако не ја играме нашата игра што треба да ја играме. Имаме намера во Гостивар да го дадеме својот максимум за да дојдеме до победата. Го анализиравме поразот од Тиквеш, знаеме каде се грешките и сакаме да се вратиме на победнички патеки“ истакна Александер Трумчи, десниот бек на Шкендија.
И дефинитивно за денешниот меч тренерот Артим Положани нема да смета на суспендираниот Дрилон Ислами и повредениот Бојан Димоски, додека Бабукар Гаје, Рафаел Фреитас и Марко Ѓорѓиевски се во комбинација.















