Да се победи со 3:4 како гостин кај Арсими секако дека не е мала работа. Обично тренерите не сакаат кога ќе има многу голови, значи одбраната не си ја завршила добро својата работа ама кога ќе победиш на гости во меч со седум голови, тогаш мора да бидеш задоволен. Така и со Мијалче Прошев, тренерот на Брегалница.
Да не си му во кожа што се вели. Неговиот тим губеше со 0:1 на гости кај Арсими, потоа беше 3:1 за неговиот состав, па 3:3 и на крај Натаниел во 90+2.минута погоди за голема победа од 4:3 или 3:4 ако се знае дека штипските “сини“ беа гости.
Супер интересен натпревар на кој Прошев и на 3:1 не се повлече, инсистираше на гол повеќе, тоа за малку скапо ќе го чинеше ама на крајот се покажа дека тоа е добитна комбинација.
Секоја чест за храброста на тренерот на Брегалница. Затоа според “СпортСпорт“ тој е тренер на ова 11.коло.















