Вардар на ФФМ ќе ги пречека и Тиквеш и Струга ТЛ

179

Теренот на ФФМ ќе биде домашен за фудбалерите на Вардар и на престојните два исклучително важни натпревари на „црвено-црните“. Веќе во среда е дуелот со Тиквеш во 1/8 финалето од Купот на Македонија додека за време на викендот е дерби дуелот со екипата на Струга Трим Лум.

Официјално првичната верзија за оваа одлука е тоа што теренот на Арената „Тодор Проески“ се чува за дуелот на националниот тим со Словенија кој се игра за на 16 ноември, иако теренот на ФФМ е желба како за тренерот така и на играчите на Вардар. Во „тесното“ се чувствуваат подобро со оглед на тоа дека тимот кондициски беше очаен по утнатите летни подготовки, тренер и засилувања а сега прибран и стокмен од Гроф Божовиќ кој го врати првакот на победничките стази.

ПретходноДопри го голот – Фудбал за секое дете: Фудбалот ги поврзува децата и ги руши бариерите
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Мијалче Прошев (Брегалница)