Работнички на јубилејот најави подобри денови за кошаркарскиот великан

109

По повод јубилејот 80 години – КК Работнички, како и во пресрет на стартот на новата сезона, денеска овој клуб одржа прес -конференција. На истата јавноста беше запознаета за се она што е во и околу Работнички. Најавите се дека и тоа следуваа подобри денови за најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија.

Прв свое излагање имаше претседателот на УО на Работнички, Александар Стојковски:

Да честитам јубилеј на клубот. 80 години на легендарен кошаркарски слортски колектив. За овој јубилеј ке има посебен настан ќе дознаете дополнително. Свесни сме дека клубот мина тежок период кој кулминираше лани. Место за титула се боревме за опстанок, тоа беше знак за промени, нова управа, нов УО.Се направи нов проект. На прво место санирање финансиска ситуација,. кон фиба и кон други доверители. Планот е долгорочен. Комплетна реконструкција на клубот е во план. Организациски структурално и на секаков друг начин. Да создадеме систем кој ќе генерира резултати за понатаму. Целта е клубот да се отвори кон регионот и Европа. Соработка со врвни професионалци. Посебна визија имаме за младите, нова програма, професионални услови со квалитетна работа за младите таленти да се изборат за прв тим. Сакаме да создадеме деца кои што ќе го носат дресот на Работнички и на Македонија.

Потребна е поддршка за ова и сакам да изразам благодарност на Општина центар со градоначалникот Горан Герасимовски, на Советот, но и на компании опстешствено одговорни кои шхто помогнаа. Владата на РМ е заслужна за реновирањето на салата, нашиот храм „Лазар Лечиќ“.No description available.

Извршниот директор Бранко Радески истакна дека е задоволен од поддршката од Општина центар и дека без силен Работички нема да има ни силен МЗТ Скопје:

Доаѓам во моментов од Општина центар каде што имав излагање. Голема благодарност до сите советници од Општина Центар што проценија дека на Работнички му е потребна помош. Сите советници денеска дадоа поддршка како за првиот тим така и за школата да се крене на повисоко ниво. Затекнавме ситуација која што е таква каква што е. Намаливме 70% од долговите. Ќе ни треба уште некој месец за да санираме до ситуација во која што треба нормално да функционираме. Комплетно нови луѓе ке има на сите нивоа во клубот. Без добар Работнички нема кошарка во Македонија. За да е добар МЗТ мора Работнички да е добар. Овој клуб мора да е број еден во Македонија. Стручниот штаб е тој и му е дадена комплетна поддршка“

Шефот на стручниот штаб на КК Работнички, Владмир Мирковски покрај другото истакна:

Да честитам на јубилејот. Чест и привилегија е да се биде во Работнички. Не чека напорна сезона. Должни сме пред нашите фанови да бидеме на највисоко ниво. Ростерот е тој и мислам дека можеме да се бориме за највисоки дострели. Засилувањата се добри. Закажавме девет пријателски мечеви, ќе работиме со силен ритам. Градски парк е една тврдина која тешко се освојува. Дарен Говенс, Кристијан Николов, Тарил Брунчевиќ, се силни засилувања, Рикиќ е тука, капитенот Ефремовски, Робев, Наков, Фатон Реџеп, мислам дека имаме и повеќе од солиден тим“.

Секако дека и капитенот Виктор Ефремовски им се обрати на присутните новинари:

Се знае што значи Работнички, дресот на овој клуб. Ветувам дека ќе дадеме се од себе за овој клуб. Очекуваме навивачите да ја полнат салата и да бидат нашиот шести играч како и секогаш. По повод 80 години планиравме некоја евролигашка екипа да дојде тука, но тоа за жал невозможно затоа ѓто сите се со година дена унапред распоред планиран. Затоа следна недела доаѓа Војводина која што има одличен тим спонзориран од Дубаи. Еве покана за сите да дојдат“.

ПретходноВелика Гоцевска: Горда сум на успесите на мојот клуб, Фламинго Волеј за мене е многу повеќе од одбојка
СледноЕнес Уста и ФК Гостивар го загубија спорот пред CAS во Лозана! Потврдени одлуките на ФФМ