Сабаленка и Рибакина со пласман во финалето на УС Опен

68
ФОТО:facebook.com/usopentennis/

Тенисерката број еден во светот, Арина Сабаленка, и втората тенисерка на ВТА листата, Елена Рибакина, вечерва во Њујорк се пласираа во финалето на Отвореното првенство на САД во сингл.
Сабаленка, која е двократна последователна шампионка на Отвореното првенство на САД, ја победи за еден час и 20 минути третата тенисерка во светот Џесика Пегула од САД со 7:5, 6:2.
Белорусинката го направи клучниот брејк во првиот сет во 12-от гем, кога ја искористи и втората сет-поента.
Во вториот дел од гемот, Сабаленка двапати го проби сервисот на противничката, во четвртиот и осмиот гем, со што го обезбеди своето трето последователно место во финалето на Гренд слемот во Њујорк.
Нејзина противничка во финалето ќе биде Казахстанката Рибакина, која беше подобра од друга домашна тенисерка Коко Гоф (четврта на ВТА листата) со 3:6, 6:4, 6:4.
На Рибакина, актуелната шампионка на Австралија Опен, ова и е прв пласман во финалето на САД Опен.
Сабаленка и Рибакина досега се сретнале 17 пати, а Белорусинката победила 10 пати.
Финалето во женска конкуренција е закажано за во сабота.

ПретходноПретседателот на Фенербахче: Лицето кое го фрли шишето е уапсено, Исмаил Картал останува наш тренер! (ВИДЕО)
СледноХамза: Респект за силниот Тиквеш, сепак Струга ТЛ оди на победа во Кавадарци!