Во дербито на Словенија:Митровски стрела, Тренчовски фати добра серија!

120
ФОТО:.facebook.com/nkolimpija/

Победа за “македонската“ Олимпија во Словенија. Во дербито во елитната лига во таа земја, Олимпија како гостин кај Копер славеше со 1:3 за нова победа, за нови три бода за тимот предводен од Југослав Тренчовски како тренер и Димитар Митровски како играч.

И токму Митровски беше факторот за победата.Прво во 52.минута му асистираше на Цуни за 0:1, а само две минути Македонецот стрела за 0:2. До крајот на мечот имаше уште по еден гол на двете страни за конечни 1:3.

Со оваа екстра важна победа во дербито на Словенија, Тренчовски како тренер на Олимпија и тоа како фати добра серија, па сега 14 бодови е трет, два помалкуод лидерот Марибор.

ПретходноМоже не е Гроф ама затоа му одржа лекција на познатиот тренер
СледноЛудо дерби на “Олимпико“: Лацио имаше 2:0 против Милан, ама нема “четири од четири“ за Гатузо