Милан Ристовски со гол во дуелот против Дева Јунајтед (ВИДЕО)

89

Македонскиот интернационалец и репрезентативец, Милан Ристовски синоќа беше стрелец на гостувањето кај Дева Јунајтед за неговиот тим Бајангкара. Мечот заврши 2:2, а Ристовски го отвори резултатот со гол за 0:1 во 39. минута.

Сепак, гостите не успеаа да дојдат до трите бода, затоа што домаќинот на два пати се враќаше од резултатска негатива.

Ова за Ристовски инаку беше првенец во новиот клуб, во само вториот дуел откако се пресели во шампионатот на Индонезија.

ПретходноПораз на Македонија У15 од Молдавија
СледноТаневски со прв предизвик против Русија на домашен терен